(Видео) Во Драч со експлозија урната зграда оштетена од земјотресот

Со контролирана експлозија срушена е шесткатна зграда која се сметала за објект под закана од уривање по земјотресот од 6,4 степени кој ја погоди Албанија, пренесува аганцијата „Танјуг“.

Уривањето во вторникот го извршила армијата во западниот пристанишен град Драч, седум дена по земјотресот во кој загинаа 51 лице, а беа повредени повеќе од 3.000 луѓе.

Земјотресот оштети повеќе од 11.000 објекти и остави 3.000 луѓе без покрив над главата. Тие се згрижени во хотели, јавни згради, шатори или кај свои роднини. Дел од нив најдоа прибежиште во соседно Косово.

Најпогодени области беа Драч, популарно одморалиште за Албанците на триесет километри западно од Тирана и блискиот град Туман.

Се очекува да бидат урнати уште пет згради во двата града, додека десетици градежни инженери од Албанија и Европа вршат увид во областите погодени од земјотресот.

Треба да знаете
Последни објави