Познатиот забавен парк „Ферари ворлд“ во Абу Даби ја доби наградата за најдобар тематски парк во светот.
-Четири години по ред сме водечки тематски парк на Блискиот Исток, не можеме да биде погорди. Ова е легендарен тематски парк полн со возбудливи содржини, правиме сè што можеме за нашите гости. Горди сме за оваа награда“, изјавила Бјанка Самут, генерална менџарка на паркот „Ферари ворлд“.
Тематскиот парк е направен пред речиси 10 години. Се наоѓа на островот Јас во Абу Даби и тоа е првиот тематски парк на „Ферари“ во светот и го поседува најбрзиот ролеркостер во светот.