Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ рече дека не ѝ пречи „Подравка“ да го нарече нејзиниот нов производ Чоколинда, пренесува „Даница“. Претседателката и кандидатка на ХДЗ при посетата на Крижевци зборуваше за нејзините досегашни достигнувања и за што ќе се залага доколку добие нов мандат.
Таа откри дека им дала согласност на раководителите на „Подравка“ да го наречат производот – Чоколинда.
„Им кажав на моите колеги во Подравка: ‘ Јас ви давам согласност, се откажувам од какви било надоместоци, убаво е да излезете со нов производ, да го наречете така’“. Убедена сум дека сигурно ќе се продаде добро, не само во областа на Југоисточна Европа, туку и во Заливот и другите земји. Нека нашата земја расте, а мене нека ми се смеат колку што сакаат. Секако, јас сум загрижена за трендовите на лош и грд јазик, јазик на омраза, но ништо не може да ме поколеба “, пренесува „Пригорски“.
Кованицата „Чоколинда“ настана по бурата што избувна кога претседателката им делеше пакетчиња на децата од Дубровник во декември 2016 година. Имено, во пакетот имало чоколатце од српската компанија „Пионир“, за што Колинда Грабар-Китаровиќ им се извини на децата и на јавноста .
Тоа, пак, предизвика лавина негативни коментари низ целиот регион, а мини-аферата со чоколадото „Мони“ ја објавија и странските медиуми. Аферата се наречена „Чоколинда“.