– Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов, после триумфот над Нови Пазар од 89:87 во АБА 2 лигата, рече дека е среќен што победиле на ваков психолошки тежок натпревар.
-Ова беше исклучително тежок меч за нас. Се виде дека сме емотивно испразнети. Добро е што имаше среќен крај за нас, оваа победа многу ни значи. Им честитам на играчите што и на ваков ден, успеаја да го одбранат домашниот терен, рече Кочов.
Тренерот на српскиот тим, Оливер Поповиќ, истакна дека неговиот тим на крај незаслужено загубил во овој изедначен и квалитетен натпревар.