Кривичниот суд денеска го одложи рочиштето за случајот „Маџар телеком” за 29 јануари, за кога треба да биде обезбеден сведокот Слободан Богоевски.
Случајот „Маџар телеком” се води против поранешните генерален и финансиски директор на „Македонски телеком”, Атила Сендреи и Ролф Плат, како и други две лица за злоупотреба на службената положба и склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарски фирми.
Предметот го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска. Случајот се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од обвинителството. Судењето за „Маџар телеком” почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство.
Во Кривичниот суд денеска продолжуваат и судењата за случаите „Титаник” и „Титаник 3″.