Поради проблем со моторот, товарен брод под либериско знаме плови без контрола во морскиот дел меѓу грчките острови Лезбос и Скирос, а успешно биле спасени членовите на екипажот, објавија грчките медиуми.
Според истите информации, 14-те членови на екипажот побарале помош од грчките власти за да го напуштат бродот што поради големината и тежината на товарот се навалил од едната страна, јави дописничката на МИА од Атина.
Со хеликоптери „Супер пума” на грчкото воено воздухопловство биле спасени сите 14 лица и пренесени на островот Скирос.
Во морскиот дел, каде што е бродот, се наоѓаат бродови и чамци на крајбрежната служба и на воената морнарица на Грција како и два хеликоптери.