Вчера учениците од ООУ „Рајко Жинзифов” од Кисела Вода со повеќе активности го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Училишниот дефектолог, Адријана Кукоска за учениците од III, IV и V одделение организираше работилници за надминување на предрасудите и поголемо прифаќање на атипичните лица.
Во рамки на училишниот проект „Убавините на различностите”, децата изработија новогодишни елки со пораки, а беше прочитан и реферат за подигнување на јавната свест за лицата со попреченост.
Покрај ова, учениците од VI до IX одделение промовираа и збирка на лични творби „Убавините на различностите – различни сме, но сепак исти”.
На крајот секое дете доби подарок збирка творби и креативна изработка.