Граната фрлена во прифатилиште за деца бегалци во Мадрид

Единицата за експлозиви на мадридската полиција деактивира граната, која вчера некој ја фрлил преку ѕидот на Центарот за грижа на децата мигранти.

Гранатата била пронајдена вчера наутро на локација во близина на центарот на Мадрид, во областа Хорталеза.

Полицијата соопшти дека станува збор за граната што содржи мала количина експлозив и често се користи во вежби.

По евакуацијата на детскиот центар за бегалци, специјална единица извршила контролирана експлозија.

Во центарот за децата бегалци во Мадрид има десетици малолетни лица, пренесуваат светските медиуми.

Шпанските власти информираа дека го истражуваат инцидентот.

Треба да знаете
Последни објави