Најдобрите македонски фудбалски судии, носители на знакот на ФИФА од главната листа Александар Ставрев, Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски ќе бидат ангажирани за неделното прволигашко дерби Вардар – Шкендија.
Главен судија ќе биде најдоброрангираниот Александар Ставрев, а Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски ќе асистираат од зад гол-аут линиите. Помошници на овој натпревар ќе бидат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, додека четврти судија ќе биде Гоце Петрески.
На овој натпревар во фудбалска „пензија“ заминува асистентот Марјан Кировски.
ДВОЈКИ И СУДИИ
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (Александар Ставрев – Марјан Кировски, Дејан Костадинов- Гоце Петрески)
СИЛЕКС – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (Константин Влахо– Даниел Василевски, Филип Ицковски- Марјан Младеновски)
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (Јосип Бартон – Иса Емурли, Александар Ѓорѓески – Фуркан Идризи)
СТРУГА ТЛ – БОРЕЦ (Игор Стојчевски – Бојан Ивановски, Милош Милошевиќ – Дарко Стојчевски)
РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (Албрим Шаќири – Ацо Мацевски, Разме Бакрачески – Јован Качевски)