Уапсени деветмина осомничени за тероризам во Русија

Окружниот суд во Москва издаде налог за апсење на девет лица од Заедницата на независни држави, осомничени дека се поврзани со терористичка група, соопшти извор од Агенцијата за спроведување на законите.

Деветмината се осомничени дека ширеле идеологија на терористичката организација Хизб ут-Тахрир на територијата на Русија, со цел поттикнување на бунт, како и дека регрутирале локални муслимани и мигранти кои работат во Русија, пренесе ТАСС.

Уапсени се осум мажи и една жена и им се заканува затворска казна од 10 до 20 години.

Треба да знаете
Последни објави