Адвокатот на Боки 13, Сашо Дуковски го оспори сведочењето на Орце Камчев со констатација дека дел од работите што денеска ги кажува не ги дал во истрагата.
Дали Ванчо Чифлиганец и Жарко Луковски не ги спомна во истрагата а сега прв пат ги кажуваш?праша Дуковски.
Реагираше обвинителката Рускоска со констатација дека не е така и дека и да е, е дополнување на факти а не извртување на фактите.
Камчев на прашање на Дуковски потврди дека неформално го пријавил рекетот на Горан Николовски како директор на УБК, а не во УБК.
Според Дуковски, Камчев во исказот не ја спомнал емисијата Инсајдер, а сега зборува за истата.
Дуковски му забележа на Камчев дека на вкрстени прашања се одговара со да и не, сведокот се извини со констатација деkа не знае како треба, оти му е прв пат.