Менторот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан коментираше за можните засилувања на клубот во јануари за време на денешната прес-конференција на „кралскиот клуб” пред утрешниот натпревар против Еспањол.
Францускиот стратег изјави дека е задоволен од моменталната состојба на тимот, но не ја исклучува можноста за привлекување на нови играчи.
– Сè може да се случи во зима. Кога ќе дојде време, ќе видиме. Засега се потпирам на моите сегашни играчи и многу сум среќен со нив, изјави Зизу.
Трикратниот победник во Лигата на шампионите како ментор го коментираше и неодамнешниот скандал со Герет Бејл по натпреварите во репрезентацијата на Велс и свирежите на негова адреса од фановите на „Сантијаго Бернабеу”.
– Ќе ви кажам што мислам – како тренер, нема да го казнам Бејл или кој било играч. Играчите не се деца, рече Зидан, малку избегнувајќи ја суштината на материјата.
Францускиот менаџер изјави неколку зборови за повредените во тимот.
– Секогаш е досадно кога вашите играчи се повредени и не сум задоволен, но тоа е ситуацијата. Кај Азар, повредата е посериозна и лекарите ќе се обидат да ја санираат што е можно поскоро. Бејл и Марсело, исто така, се повредени и ќе ги нема утре, рече уште Зидан.
Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Еспањол е утре со почеток во 13:00 часот. „Белиот балет” ќе бара задолжителни 3 поени и ќе продолжи да ја брка Барселона пред претстојното „Ел Класико”.