Променливото време е погодно за развивање на вирусни инфекции. Покачената температура, малаксаност, поспаност, болки во зглобовите, кивање, кашлање и течење на носот се првите симптоми за настинка. За да се намалат или исчезнат овие симптоми на настинката потребно е да се преземат превентивни мерки кои можат многу да помогнат.
Чај со мед или топла вода со лимон измешана со мед го намалува кашлањето кај децата и може да помогне во ослободувањето на болките во грлото кај возрасните.
Во едно истражување, на деца од 2 години и постари со инфекции на горните дишни патишта, им биле дадени 2 лажички мед пред спиење, со што ноќното кашлање било намалено и спиењето било полесно.
Иако некои истражувања укажуваат на тоа дека витаминот Ц може да го скрати времетраењето на настинка, сепак други велат дека нема корист од него. Ниту едно поголемо истражување не покажува дека витаминот Ц покажува заштита од настинка. Истражувањата покажуваат дека земањето на витамин Ц може да помогне при настинка само ако организмот има недостаток од овој витамин.
Витаминот Ц генерално се смета за безбеден, но сепак, поголеми дози можат да предизвикаат дигетстивни проблеми како што се дијареја и гадење.
Некои истражувања откриваат дека земањето на суплементи на цинк во првите неколку дена од настинката, може да го скрати времетраењето на болеста. Меѓутоа, бидејќи суплементите не се регулирани, не можете секогаш да бидете сигурни во тоа колку се ефикасни. Цинкот спречува настинка кај луѓе кои го користеле во текот на 5 месеци.
Но важно е да се знае дека цинкот е токсичен доколку се консумира во високи дози.
Топол чај може да го олесни кивањето, кашлањето и да го одзатне носот. Топлите пијалаци помагаат и во намалувањето на секретите во градите и синусите. Некои истражувања покажуваат дека и пилешката супа има слични ефекти.