Укинувањето на пристапот на Русија кон меѓународната банкарска мрежа за платни трансакции СВИФТ, практично би значело објавување војна, предупреди рускиот премиер Дмитриј Медведев.
Медведев потсети дека Западот сериозно ја разгледувал опцијата во еден момент и напомена дека Москва тоа го знаела.
-Всушност, тоа би било објавување војна, но се дискутираше понатаму, рече рускиот премиер, додавајќи дека тоа е една од причините поради кои Владата размислува за начини за заштита на рускиот дел од Интернетот.
Глобалниот меѓубанкарски систем СВИФТ овозможува прекугранични плаќања помеѓу 11.000 финансиски институции во повеќе од 200 земји во светот. Првите иницијативи за исклучување на руските банки од мрежата за трансфер на пари беа лансирани во 2014 година како одговор на улогата на Москва во конфликтот во Украина.
Идејата беше оживеана минатата година од специјалниот претставник на Вашингтон во Украина, Курт Волкер, кој во интервју за „Гласот на Америка” рече дека таквата „нуклеарна опција” се уште е на маса, но „ќе ги чини сите вклучени”.
Поради потенцијалната закана да бидат исклучени од СВИФТ, Русија започна да работи на алтернативно решение – развој на домашна мрежа за финансиски пораки наречена СПФС. Системот работи според истите стандарди како СВИФТ и веќе се користи во земјата.
Планот е да се поврзе СПФС со прекуграничниот меѓубанкарски платен систем на ЦИПС во идниот индиски механизам за плаќање. Платниот систем на Русија, исто така, ќе се поврзе со иранската СЕПАМ бидејќи иранските банки немаат пристап до СВИФТ од минатата година поради американски санкции.