Милитантите од Сомалија, припадници на групата Ал -Шабаб, денеска запреле еден автобус на северот од соседна Кенија и притоа убиле осум од патниците кои не биле муслимани, соопшти кениската полиција.
Полицијата наведува дека извештаите покажувале дека исламските екстремисти запреле автобус и ги одвоиле тие кои не биле мештани.
Повеќето убиени биле полицајци кои се враќале во своите станици во Елвак и Мандера, пренесоа американските медиуми.
Терористичката група, која е поврзана со Ал Каеда, ја презеде одговорноста за нападот.
Ал Шабаб најави одмазда во Кенија заради испраќањето свои трупи во соседна Сомалија, за да се борат против оваа екстремистичка група.