Оценувањето на обвинителниот акт за настаните од 27 април одложен за 23 декември

Одбраната од предметот за настаните од 27 април наместо да ги образложи приговорите на седницата за оцена на обвинителниот акт, побара изземање на еден судија-член на Советот за оцена, соопшти денеска Основниот кривичнен суд Скопје.

– По разгледување и ценење на барањето, претседателот на Судот го одби барањето како неосновано. Согласно член 36 ст. 7 од ЗКП: „Решението со кое се одбива барањето за изземање може да се побива со посебна жалба во рок од три дена на донесување на решението, а ако таквото решение е донесено по потврдено обвинение, тогаш само со жалба на пресудата”, се наведува во соопштението.

Советот за оцена го одложи дненешното рочиште за 23 декември со цел да се испочитува законски утврдениот рок за жалба на одбраната до повисокиот суд.

Треба да знаете
Последни објави