Маурисио Почетино ја одбил понудата на Евертон за испразнетото раководно место, пренесуваат британските медиуми цитирани од „Експрес”. Тој бил прашан од раководството на „карамелите” да го замени Марко Силва, кој беше отпуштен заради лошата позиција на тимот во англискиот фудбалски шампионат и поразот од 2:5 против градскиот ривал Ливерпул.
Почетино беше отпуштен од Тотенхем пред две недели и допрва треба да разгледува понуди, но дефинитивно немадаприфати работа од Евертон. Самиот клуб се обрати и на Витор Переира, кој во моментов го води Шангај СИПГ, а пред тоа – Олимпијакос и екипи од Португалија.
Почетино се очекува да се врати во Англија наскоро откако замина на краток одмор во родната Аргентина.
– Постојат многу клубови и привлечни проекти кои можам да ги погледнам. Засега, најважно е за мене да го расчистам умот по пет и пол успешни сезони со Тотенхем. Важно е да ја вратам мојата мотивација, рече тој за локалната варијанта на „Фокс спорт”.