Од средата, во објектот “Ѓурѓица“ на ЈДГ “Весели цветови“ започна имплементацијата на проектот “Еден ден мојот родител/старател во улога на воспитувач/неговател во градинка“.
Во текот на целиот работен ден родителите имаа можност да бидат дел од атмосферата во градинката каде нивното дето го поминува секојдневието. Додека воспитувачите и негователите беа во улога на асистенти и ментори, родителите се грижеа за дечињата, но во групите каде што не престојуваат нивните деца.
На крајот од денот своето мислење и искуство го пренесоа писмено, преку прашалници. Претходно, родителите еден ден претходно ги добија потребнте информации и беа подготвувани од страна на воспитувачите и негователите и стручниот тим на градинката.
Општина Кисела Вода, преку Одделението за предучилишно воспитување, овој проект ќе го реализира до 20ти месецов, во сите објекти на градинките на своја територија. Истиот има за цел да се поттикне позитивното партнерство меѓу родителите и градинката, бидејќи родителите, воспитувачите и негователите се најважниот фактор за психофизичкиот, социјалниот и емотивниот равој на секое дете кое е згрижено во градинка.