Русија и Турција најверојатно ќе потпишат договор пред 2020 година за доставување дополнителни системи за противвоздушна одбрана С-400 „Триумф”, изјави директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка, Дмитриј Шугаев.
– Ние работиме системски на ова прашање. Најважно е што двете страни имаат желба за соработка во таа област, изјави Шугаев за руските медиумите.
Претходно, можноста Анкара да купи нови противвоздушни системи ја потврди рускиот вицепремиер Јури Борисов и директорот на „Рособоронекспорт”, Александар Михеев.
Турција досега купи четири системи С-400. „Рособоронекспорт” на 23 октомври објави дека Русија ги исполнила условите од договорот пред предвиденото време, доставувајќи ги сите елементи од С-400 системот, вклучувајќи ги и ракетите.