Македонскиот фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски е еден од многуте странци кои настапуваат за италјанскиот калчолигаш Удинезе, а пресметано е дека според процентот на застапеност на странци во последните десет години, клубот од Удине е петти во Европа.
Дури 77,1 отсто од фудбалерите кои играле за италијанскиот клуб Удинезе не се Италијанци. Најголем просек на странци во еден тим во топ 5 лигите во Европа од 2010 година досега користеле Арсенал (83,9), Интер (83,4) и Челси (80,1).
Рома е клуб кој користел странци од најмногу држави (37), веднаш зад Рома е Џенова на Горан Пандев со 36, а трет е германски Шалке со странци од 34 различни држави. На дното на оваа табела се наоѓа Атлетик Билбао, кој никогаш не ангажира странци доколку немаат баскиско потекло.