Трофејниот тренер на повеќекратниот италјански фудбалски првак Јувентус Масимилијано Алегри кој си зеде одмор од „најважната споредна работа на светот“ наскоро планира да се врати на тренерската клупа. Неговата следна дестинација најверојатно ќе биде клуб од англиската премиерлигашка конкуренцијаќе, бидејќи Алегри призна дека почнал интензивно да го изучува англискиот јазик. Медиумите веднаш ја поврзаа оваа негова изјава со преземањето на Арсенал, од каде по неодамнешниот отказ кој му го дадоа на Унаи Емери, посочија дека италјанскиот стартег не е во опција бидејќи не го познава англискиот јазик.
-Се враќам во јуни. Нема да се приклучам на ниту еден тим до крајот на сезоната. Инаку го учам англискиот јазик во Милано, изјави Алегри.