Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ годинава ќе го додели признанието в недела (8. декември) во Кристалната сала на Собранието, со почеток во 12 часот.
Државната награда за остварување во областа на воспитанието и образованието ќе му биде врачена на професор Агим Паљоска, албанолог; наградата за остварување во областа на културата и уметноста, им се доделува на: Димитар Башевски, писател, Весна Ѓиновска-Илкова, оперски пејач и Виолета Томовска, естраден уметник, а наградата за остварување во областа на здравството годинава оди во рацете на профеост Дејан Докиќ, пулмолог-алерголог.