Никогаш никој не ми понудил да се спогодам или да бидам заштитен сведок, одговори Камчев на прашањето на адвокатот на Катица Јанева, Кадиев.
Сведокот појасни дека никогаш, ниту во канцеларите на СЈО кога бил во притвор, ниту кога бил во домашен притвор па дошол на состанок во специјалното обвинителство не му било понудено такво нешто.
Тој имаше само две вкрстени прашања, со образложение дека директно ќе го испрашуваат Камчев кога ќе се изведуваат докази.