Конференција „Балкански дијалози” во Берлин

Во Берлин денеска се одржува состанок наречен „Балкански дијалози” на кој ќе се разгледуваат европските перспективи на Западен Балкан и можностите за постигнување позитивен напредок во односите Белград-Приштина.

На настанот ќе учествуваат голем број политички лидери од нашиот регион, како и влијателни дипломати од САД, ЕУ, Германија и на академската заедница.

Собирот е во организација на Институтот Исток-Запад од Њујорк, Белградскиот фонд за политичка исклучителност и Минхенската безбедносна конференција.

Косово е централна тема на конференцијата, на која ќе бидат посветени две од четирите пленарни сесии. паг/

2019-12-06 08:18:36, од Пандорка Арсовска-Гацова

Треба да знаете
Последни објави