Менаџерот на Челзи, Франк Лампард го сподели своето мислење за укинување на забраната за трансфери.
Претходно денес стана јасно дека „сините” ќе можат да купуваат играчи во зима, откако казната им беше намалена на половина.
– Тоа зависи од играчот. Треба да го одржиме балансот на составот. Не е важно дали јануари, јули… Едно нешто што дознав кога дојдов во клубот е дека е важно какви играчи носиш со себе. Сакам уште повеќе да се искачуваме на табелата. Ако имаме шанса да го подобриме составот, тогаш ќе го сториме тоа, рече Лампрад