Најмалку 10 полицајци загинаа и четворица се ранети во Авганистан во судир со припадници на талибанците во северната провинција Кундуз.
Според информации на службата за безбедност, меѓу загинатите е и началникот на полицијата во таа провинција. Талибанците загубиле тројца свои припадници во престрелката.
Нападот на талибанците бил ивршен во текот на ноќта врз два пункта во областа Имам Сахиб.