Ништо не го пере ВМРО-ДПМНЕ од фактот дека има неподмирен долг од 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска и затворена сметка од која долгот не може да се наплати.
Тоа е класично прекршување на изборниот законик за кое одговорност мора да има.
Наместо да лаже ВМРО ДПМНЕ треба да размислува за одговорност на поеднци во оваа партија за овој нов скандал.
Ниту една лага од белиот дворец не може да сокрие дека ВМРО-ДПМНЕ се навикнати да не ги подмируваат своите обврски за време на кампањите.
За разлика од спорните финаниски извештаи на ВМРО-ДПМНЕ со дупки од 3.5 милиони, 400 илјади евра и слични скандали, финансиските извештаи на СДСМ се кристиално чисти, реални и по сите законски норми и прописи.
СДСМ нема долг.
Во Финансискиот извештај за кампањата на Стево Пенаровски јасно стои дека наведената разлика е поради неплатени обврски на Државната изборна комисија кон електронски медиуми, за кои патем самата ДИК дозволила да вршат медиумско платено покривање на претседателските избори, но потоа не ги потпишала асиганциите за плаќање кон електронските медиуми.
За причините треба да се побара одговор од Државната изборна комисија.
Долгот на ВМРО-ДПМНЕ од 400.000 евра со непотпишаните асигнации од ДИК не може да се споредува.
Добро е што во ВМРО-ДПМНЕ го разгледувале финансискиот извештај за кампањата на Стево Пендаровски, за да научат што е целосен, прецизен и транспарентен финансиски извештај, навреме затворена сметка согласно законските прописи, за разлика од финансискиот извештај на Сиљановска кој е доставен на несоодветен образец и не дава реална слика за потрошеното, патем со незаконски долг од 400.000 евра.