Владата на САД ги обвини иранските безбедносни сили за убиство на повеќе од илјада луѓе во протестите што неодамна избувнаа во земјата.
Таа бројка е значително поголема од претходните проценки за бројот на жртви од страна на организациите за човекови права, а американските власти не доставија докази за да ги поддржат нивните тврдења.
Американскиот специјален претставник во Иран Брајан Хук рече дека проценката се заснова на различни извештаи што доаѓаат од Иран, како и разузнавачка анализа.
Хук изјави дека во само еден инцидент во југозападниот дел на Иран, повеќе од 100 луѓе загинале од огнено оружје на Револуционерната гарда и дека САД имаат снимка на тие настани во градот Махшар.
Според Хук, снимката е една од десетици илјади примени од САД откако државниот секретар Мајк Помпео минатиот месец ги повика Иранците да презентираат докази за владини злосторства за време на задушувањето на протестите.