Во тек е екипирањето на Комисијата на спорт на СДСМ која се обврза интензивно, домаќински и транспарентно да работи исклучиво во корист на спортот и спортските работници. Денес, со нас се дел од членовите на Комисијата на спорт на СДСМ и истакнати спортисти кои граѓаните и јавноста ги паметат по успеси на домашната и меѓународна сцена:
- Андријана Будимир
- Владо Недановски
- Игорче Митревски
- Дрита Ислами
Цели 11 години спортот и спортските работници беа игнорирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за неполни 2 и пол години политиките на СДСМ го враќаат спортот на прав пат. За споредба во 2016 година за спортот биле одделени само 60 милиони денари, додека за 2019 година, обезбедени се 244 милиони денари.
Тоа е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ која уништуваше, и СДСМ која гради и инвестира во спортот.
Владата предовдена од СДСМ посветува сериозно внимание како никогаш претходно и го поддржува спортот во секој аспект. Без калкулации и недвосмислено се го поддржуваме развојот на спортот, физичкото образование и зголемување на бројот на младите и граѓаните кои спортуваат и активно спроведуваме политики во таа насока. Се обврзуваме преку партнерства со локалните тимови, федерации, организации и другите институции, преку спортот сите заеднички ќе работиме на надминување на насилствата, расизмост и нетрпеливоста. Дека мерките на СДСМ се на прав пат доказ се можносите кои ги носат евроинтеграциите кои ги обезбеди Владата предводена од СДСМ.
Со станувањето дел од ЕУ, ни се отвара можност за користење на Европскиот социјален фонд и Европскиот фонд за регионален развој, преку кои се поттикнува изработка на иницијативи и акции кои промовираат социјална инклузија преку спортот. Наша цел е да ги зголемуваме средствата за спорт и да ги гарантираме и браниме неговата самостојност и развој . Како никогаш досега, покрај постоечките финансиски средства, Владата за оваа година вбризгува дополнителни 4 милиони евра за развој на македонскиот спорт преку модифициран и приспособен ваучерски систем со што вкупната финансиска поддршка ќе изнесува 10 милиони евра за 2020 година. Правиме анализи и ги согледуваме најдобрите модели за да овозможиме спортистите и наши најголеми амбасадори по завршувањето на кариерата да бидат третирани онака како што доликува. Се обврзавме да работиме домаќински и транспарентно да го вратиме спортот на прав пат.