Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес (06.12.2019) оствари средба со Дејвид Вилијам Спраул, Генерален Директор за Европа и Евроазија во МНР на Канада и Кати Чаба, Амбасадор на Канада во Република Македонија. На денешната средба се разговараше за многу теми, политичката состојба, предвремените парламентарни избори во Македонија како и владеење на правото. Мицкоски на средбата посочи дека се подготвува новата програма на партија на што главен акцент се става на основната стратешка цел, а тоа е членството во Европската Унија. Новата Влада која што ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ има стратегија како да ја стави Македонија на брзата трака за членство во Унијата.
Најголемите проблеми со кои што се соочува денес Република Македонија е криминалот и корупцијата кои станаа секојдневие во државата. Оваа власт наместо граѓаните да ги штити од криминалот тие помогнаа повеќе да се рашири низ земјава.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, напомена по 12-ти април, ќе започне обнова на Република Македонија, каде што повеќе новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за отчетност и транспарентност, ќе работи на вистински реформи кои ќе ја доближат Република Македонија поблиску до ЕУ.