Во новото основно училиште „Киро Глигоров“ во општина Центар денеска беше отворена новата училишна библиотека.
Со мал, пригоден настан, издавачката куќа „Просветно дело“, која ги издава детските списанија „Росица“, „Другарче“ и „Развигор“, во библиотеката донираше над 100 наслови за детска литература.
Во склоп на отворањето на читалната на кое учествуваше и градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, учениците од основното училиште имаа можност да присуствуваат на пет книжевни работилници, а на нив учениците твореа и работеа и со домашните писатели за деца Ванчо Полазаревски, Наум Попески, Ксенија Трајчева, како и со поетесата Вера Андон.