Мексиканскиот јутубер Хуго Лара Ариас изгубил кладба и морал да изеде две лути пиперки, па на крајот завршил и во болница.
На снимката се гледа како јаде две пиперки од вид кој се смета за најлут на светот, а веднаш потоа почнува да се гуши и кашла.
Жените кои беа со него, најпрвин му се смејат, но кога сфатија дека сериозно не му е добро, веднаш повикаа помош.
Хуго завршил во болница, а после пет часа неговата сестра објавила дека тој се чувстува добро.
„Хуго е стабилен, не знаевеме дека работите може да излезат од контрола“ напишала таа.
Ако е некаква утеха видеото на Хуго досега има половина милион пегледи.