Бизнисменот Јордан Камчев, по денешното сведочење за случајот „Рекет“, порача дека се што кажал во судницата е вистина и ќе се бори за враќање на средствата од обвинетите Катица Јанева и Бојан Јовановски.
– Со сите докази, со целокупниот процес, со целата изнуда од оваа злосторничка група, самите ќе дојдете до заклучот дека сум бил жртва. Многу функционери и директори се злоупотребувани. Јас сум човек што не лаже и ја кажав вистината која беше болна за некои луѓе. Од целиот случај, јас сфатив дека тоа е игра на Јовановски и Јанева. Јас сум најголема плаќач на данок во оваа држава и ако сум сакал да поткупувам и рекетирам, ќе платев на почетокот и немаше да има процеси, истакна Камчев.
Тој рече дека секоја реклама што одела на „1ТВ“ била од рекетирани пари и дека нема да дозволи „неговото лице, лицето на неговите деца и семејство да го гаѓаат накази како Бојан Јовановски и Катица Јанева“.
– Јовановски и Јанева беа исклучително блиски. Веројатно ако се пуштат сите материјали во
постапката, тоа ќе го чуете и видите. Таму е најголемиот проблем, што алчноста на Катица за
пари беше клучна во оваа работа. Телевизијата беше алатка како потоа да ја зголеми моќта секојдневно повикувајќи функционери, судии, обвинители. Јовановски ги продаваше на бизнисмените сите тие луѓе како негови блиски пријатели, за да излобира, да не гони некого… Мислам дека, да не грешам душа,99 посто, моќта на Катица беше огромна, а Бојан е исклучително интелигентен човек и успеа тоа да го изменаџира, спакува и да ни го продаде тоа на нас,
рече Камчев.
И.Ш.