Дуковски: Зошто Камчев во истрагата не ги спомна Чифлиганец и Луковски, а сега го прави тоа

Адвокатот на Боки 13, Сашо Дуковски го оспори сведочењето на Орце Камчев со констатација дека дел од работите што денеска ги кажува не ги дал во истрагата.

Дали Ванчо Чифлиганец и Жарко Луковски не ги спомна во истрагата а сега прв пат ги кажуваш?праша Дуковски.

Реагираше обвинителката Рускоска со констатација дека не е така и дека и да е, е дополнување на факти а не извртување на фактите.

Камчев на прашање на Дуковски потврди дека неформално го пријавил рекетот на Горан Николовски како директор на УБК, а не во УБК.

Според Дуковски, Камчев во исказот не ја спомнал емисијата Инсајдер, а сега зборува за истата.

Дуковски му забележа на Камчев дека на вкрстени прашања се одговара со да и не, сведокот се извини со констатација деkа не знае како треба, оти му е прв пат.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави