Боки сакаше да ми продаде памет за 4 милиони, му одговори Орце Камчев на прашањето на адвокатот Сашо Дуковски да објасни за договорот за шопинг молови.
– Битно беше дека Лазар Јанев е потписник на договорот.
На прашањето дали се сеќава на првата средба со Боки 13 , Камчев рече дека не се сеќава, не е девојка за да памти. Камчев рече дека средбата на која Боки му барал пари било на инсистирање на обвинетиот, а Јовановски на лист хартија ги пишувал ратите, датумите и со кое доаѓал на неколку средби.
Јанева и Стефанова јадеа мекици со сирење кога ме донесоа од притвор, за да ме испитаат а тогаш ми рекоа дека гаранцијата од 14 милиони евра не е прифатена поради хипотека што ме зачуди, рече Камчев објаснувајќи дека гаранцијата била одбиена за да хиените Боки и Катица можат да глодаат.
На тоа Дуковски рече дека најголемата гаранција во историјата на Македонија била одбиена поради опасност од влијание на сведоци.