Камчев: Јас во торбите му ставив луксузни магазини за мајтап и му ставив по 50 евра, Боки многу се изнервира за тоа

Камчев: Јас во торбите му ставив луксузни магазини за мајтап и му ставив по 50 евра, Боки многу се изнервира за тоа

Сведокот во случајот „Рекет“, Орце Камчев појасни зошто во средбите се спомнува и министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што истакна Камчев, тие се долги години пријатели, а Бојан Јовановски им предлагал приватно јавно партнерство.

„Јас и Венко Филипче сме долги години пријатели. Тоа беше еден обичен состанок, а Бојан Јовановски бладаше, тресеше глупости. Сакаше да прави некакво јавно приватно партнерство за некаква болница. Јас откако го пријавив Бојан, ги прекинав сите комуникации со него. За овој случај, јас во торбите му ставив луксузни магазини за мајтап и му ставив по 50 евра. Боки многу се изнервира за тоа“, истакна Камчев.

Што се однесува до вчерашната ситуација со наводната контрола во некои од неговите фирми, тој ги демантираше таквите информации.

„Значи немаше никаква акција. Тоа е редовна контрола и луѓето сфатија дека се е чисто. Со Полиестер соработуваме повеќе од 10 години и таа е наша традиционална фирма. Откако Полиестер ќе ни ги плати средствата, ќе ја затвориме таа трансакција“, порача Камчев.

 

Треба да знаете
Последни објави