– Напаѓачот во американската военопоморска база во Пенсикола, на Флорда, кој денеска уби три лица, пред да биде застрелан од полицијата, бил саудиски војник на обука во базата, јавија Си-Ен-Ен и весникот „Њујорк Тајмс”, повикувајќи се американски официјални претставници.
Си-Ен-Ен јавува дека истражителите се обидуваат да разјаснат дали овој напад може да биде оценет како терористички.
Германска ДПА јави дека американскиот претседател Доналд Трамп добил телефонски повик од кралот на Саудиска Арабија, кој му изразил сочувство за убиствата во Флорида, каде саудискиот војник денеска отвори оган во базата.
„Кралот кажа дека саудискиот народ е многу лут од варварските постапки на напаѓачот и дека оваа личност во никој случај не ги покажува или претставува чувствата на саудискиот народ кон американскиот народ”, напиша Трамп на Твитер, пренесе ДПА.