Најмалку десет лица се приведени и предизвикана е материјална штета во инцидентите во атинската населба Ексархија, која важи за собиралиште на грчките анархисти, по протестот за 11-одишнината од убиството на Алексис Григоропулос, јави дописничката на МИА од Атина.
Тензиите и инцидентите, што се уште траат, но со намален интензитет, почнаа кога маскирани лица ја нападнаа полицијата со предмети, главно со мермер и Молотови коктели, по што полицијата интервенираше со шок бомби и солзавец