Традиционалниот македонско – словенечки појадок ќе се одржи денеска во Битла во организација на Амбасадата на Република Словенија и „Бага фуд”, во соработка со битолското средно училиште Јосип Броз-Тито и Словенечкото здружение Триглав.
На македонско – словенечкиот појадок ќе присуствуваат амбасадорот на Словенија Милан Јазбец и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
Цел на настанот, како што посочуваат организаторите, е промовирање на важноста за здравиот начин на исхрана кај младата популација, вклучително и важноста за зачувување на животната средина. Настанот во Битола ќе биде можност и заинтересираните ученици да се информираат за студирање во Словенија.