Универзален пензиски систем „подразбира исчезнување на специјалните режими”, изјави премиерот Едуард Филип еден ден по масовните демонстрации против реформата на пензискиот систем, истовремено додавајќи дека е подготвен за „прогресивни транзиции на специјалните режими”, јавува дописникот на МИА.
-Не би било разумно, неприфатливо, не само да се променат правилата во играта, рече шефот на француската влада, обраќајќи им се на вработените во СНЦФ (железницата) и РАТП (метрото во Париз).
-Затоа, реков и денес ја повторувам, мојата целосна подготвеност да ги направам транзициите прогресивни, рече тој.
-Убеден сум дека со синдикатите ќе ја најдеме вистинската рамнотежа (…) без да се откажеме од нашата силна волја (…) да го воспоставиме овој универзален систем, им порача шефот на владата, посебно на вработените во железничката компанија СНЦФ и РАТП, кои имаат поповолни пензиски режими од останатите вработени.