Министерство за здравство според информациите добиени од Министерството за надворешни работи информира дека во сообраќајката несреќа која утрово се случи на патот Блаце – Белољин во Република Србија, во кој автобус со македонски регистарски таблички се превртел носејќи патници на еднодневна екскурзија на Копаоник, повредени се 26 лица. Од нив, 18 се згрижени во болницата во Блаце, додека 8 се згрижени во болницата во Прокупље, а еден од згрижените во Прокупље е потешко повредено.
„Згрижените пациенти се надвор од животна опасност. Засега се сите контактибилни, но за секој случај во болницата во Прокупље се врши и компјутерска томографија за да се утврди прецизно состојбата на повредените“, соопшти Министерството за здравство.