Ентони Џошуа повторно се врати на престолот во светскиот бокс откако во мечот на годината во Саудиска Арабија славеше во трилер-борба против бранителот на титулата во тешка категорија, Енди Роуз.
Британецот до победата дојде со одлука на судиите по 12 рунди тешка борба, на тој начин во реваншот против Руиз си ги врати појасите во четири верзии кои Мексиканецот му ги одзеде во првата нивна меѓусебна борба.
Сепак, Џошуа до победата дојде откако во текот на целиот меч доминираше. Многу подобро влезе во првите три рунди, успеа на противникот да му ја разбие и аркадата веднаш во првата рунда. Во четвртата рунда се зголеми тенцијата, Руиз почна да ги губи нервите а Џошуа трпеливо го „кршеше“ противникот.
За Џошуа ова е 23-та победа во 24-от меч во кариерата, а Руиз го запиша вториот пораз во својата 35-та професионална борба. Иако беше шампион, Руис од оваа битка ќе инкасира „само“ 13, а Џошуа ќе добие дури 55 милиони долари.