Денес имаме економски резултати какви не сме имале никогаш досега. Растот на БДП е 3.6 отсто, а пред 2 и пол години беше -1.8 отсто. Тоа е повеќе од 5 отсто раст на економијата за само 2 и пол години, тоа доказ дека економските политики се на прав пат, рече претседателот Заев на граѓанската трибина „На прав пат” во Битола.
Ги вративме слободата и демократијата, ја зајакнавме економијата, затоа парите по сите основи се враќаат назад кај граѓаните.
На сите граѓани им е убаво кога им легнуваат пари на сметките од мерката „Мој ДДВ”. Повеќе од 3 милиони евра пари се враќаат кај граѓаните. Додека тие зимаа од џебовите на граѓаните, ни ги враќаме парите назад во семејните буџети истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина во Битола.
11.4 милиони евра штедиме од враќањето на евтината тарифа на струја, повеќе од 12 милиона евра остануваат кај граѓаните со укинувањето на радиодифузната такса. Ги намалуваме трошоците на граѓаните и тука не застануваме, додаде Заев.
Продолжуваме да ги покачуваме платите, само минималната плата почнувајќи од декември е порасната на 14.500, со тоа 66 илјади денари годишно дополнително средства се враќаат кај граѓаните, а минималната плата е акцелератор за покачување на сите плати, заклучи претседателот Заев пред огромниот број присутни битолчани и битолчанки на граѓанската трибина На прав пат во Битола.