Клучна мерка за спортистите во нашата земја од осамостојувањето е проблемот кој го имаат со стажот. Јас имам 20 години играчка кариера, а стаж 0 денови и целосно ги разбирам проблемите на спортистите, рече Мојсоски на граѓанската трибина на СДСМ „На прав пат” во Битола
Спортистите откако ќе ги завршат нивните кариери ќе бидат згрижени и со новите методи на програмата на Комисијата за спорт на СДСМ им ветувам дека нема да бидат заборавени. Ќе го надминеме трајно и системски и ова, и нашите ветерани ќе добијат повластени услови за пензиско и здравствено осигурување и пензија, приход или плата којашто мора да биде обезбедена, заклучи Мојсовски.