Чавушоглу на средба со делегација од ВМРО-ДПМНЕ

Денес во Истанбул Република Турција се оствари средба помеѓу Министерот за надворешни на Турција Мевлут Чавушоглу и делегација од ВМРО-ДПМНЕ во состав потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски и генералниот секретар Игор Јанушев.

На средбата се разговараше за односите и соработката на АК партијата од Турција и ВМРО-ДПМНЕ како две партии со десничарска ориентација.

На средбата стана збор и  за односите меѓу Македонија и Турција. Се констатираше дека односите се добри но е потребно подобрување особено во делот на економската соработка и инвестициите. ВМРО-ДПМНЕ планира по победата на изборите да работи силно на привлекување инвеститори.

Се разговараше и за турската заедница во Македонија како и за културите односи меѓу Македонија и Турција. Се истакна дека постои простор за дополнително продлабочување.

Се нагласи дека членството на Македонија во НАТО ја засилува соработката со Турција.

Се потенцира потребата од реформи со цел Македонија да почне преговори со ЕУ.

Беше констатирано дека соработката меѓу АК партијата и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и во идниот период

 

Треба да знаете
Последни објави