Ѓорчев oд Вашингтон: Македонија назадува во сите области, откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта ќе следи брзо исполнување на реформите

На Форумот на форумот на Интернационалната демократска унија во Вашингтон свое обраќање имаше Влатко Ѓорчев, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорчев нагласи дека во Македонија постои силно незадоволство и револт кој владата на СДСМ и додаде:

„Македонија назадува во сите области – економијата, иселувањето на младите, корупцијата, слободата на медиумите, меѓународните рангирања.

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека актуелната власт ја уништи економијата и предизвика иселување како никогаш досега во историјата на државата. Посочи дека поради криминалот на власта повеќе од половина милион македонски граѓани се на работ на егзистенцијата.

Граѓаните секојдневно се сведоци на афери и корупциски скандали поврзани со функционерите од владата и за скандали како Рекет и Кеш води крајно непрофесионална истрага за да не се дознаат вистинските виновници.  Воедно додаде дека членството во ЕУ и НАТО е стратешка определба на Македонија, но изрази загриженост поради нереализирањето на клучните реформи кои власта не ги исполни.

Ѓорчев потенцираше дека по 12 април откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта ќе следи брзо исполнување на реформите за да се подобри македонската меѓународна положба и зацврстат пријателствата со меѓународните партнери како што се САД кои се меѓу приоритетните за надворешната политика на Македонија.

 

Треба да знаете
Последни објави