Ѕездите на Барселона вредат 7,3 милијарди евра, барем ако ги погледнеме износите внесени во клаузулите за откуп.
Како што е познато, оваа недела клубот иницираше подобрен договор со младата сензација Ансу Фати. Веќе ќе чини 170 милиони евра, а кога ќе го потпише неговиот прв професионален договор, сумата вметната во откупната клаузула ќе се зголеми на 400 милиони евра.
Привлечениот од Атлетико Мадрид во текот на летото, Антоан Гризман е на врвот на рангот затоа што може да биде привлечен за 800 милиони евра, пишува весникот „Спорт”. Клаузулата на Лео Меси е, на пример, 700 милиони евра.
Еве ги клаузулите за откуп и времетраењето на договорите на sвездите на Барса:
1. Антоан Гризман – 800 милиони евра (2024)
2. Лионел Меси 700 милиони евра (2021 година)
3. Жерар Пике (2022), Серхи Роберто (2022), Самуел Умтити (2023), Серхио Бускетс (2023), Жорди Алба (2024) – секој по 500 милиони евра
8. Артур (2024), Усман Дембеле (2022), Френки де Јонг (2024) – по 400 милиони евра
11. Артуро Видал (2021) и Клеман Ленгле (2023) – по 300 милиони евра
13. Луис Суарез (2021), Нето (2023) и Жуниор Фирпо (2024) – по 200 милиони евра
16. Марк-Андре тер Штеген – 180 милиони евра (2022 година)
17. Ансу Фати – 170 милиони евра (2022 година)
18. Жан-Клер Тодибо – 150 милиони евра (2023)
19. Иван Ракитиќ – 125 милиони евра (2021 година)
20. Нелсон Семедо (2022) и Муса Ваг (2023) – по 100 милиони евра
22. Карлес Алења – 75 милиони евра (2022 година)