Кој и зошто го објави разговорот со бизнисменот Орце Камчев? Едно е сигурно – Зоран и Вице Заев од ова немаат никакво фајде. Само штета. Дали со овој потег некој го подига влогот во случајот „Рекет“ и посредно му се заканува на премиерот?
Со еден збор, содржината на снимениот материјал не донесува баш ништо ново. Но, сепак има нешто што не знаеме и за што навистина вреди да се размислува – кој и со каква цел ги објавил парчињата од снимениот разговор?, прашува Бранко Героскиво својата последна колумна за „Плус Инфо“.
-Не се ни обидов да ги проверам наводите на порталот Инфомакс, кој тврди дека веќе подолго време овие разговори биле пуштани на различни состаноци помеѓу луѓе блиски до Зоран и Вице Заеви. Снимките ги пуштал тој што ги снимал, а освен другарска врска, снимателот наводно бил и во бизнис релација со Вице Заев, тврди Инфомакс и додава дека последниот состанок на групата се одржал во Банско, Бугарија, каде што присуствувале пет лица, наводно познати на редакцијата. Велам, не се ни обидов да се информирам за деталите, бидејќи за тоа нема ни потреба – јасно е дека Камчев разговара со луѓе кои имаат конекција со Заеви, бидејќи нелогично би било од луѓе блиски до Христијан Мицкоски, на пример, тој да бара контакт со премиерот и со неговиот брат, пишува Героски.
Целата колумна прочитајте ја на следниов линк: „Плус Инфо“.