Лидерот во Премиер лигата, Ливерпул го совлада Борнмут со 3:0 како гостин во дуел од 16. коло од англиското првенство и избега со 14 поени на врвот на табелата барем за неколку часа.
Дербито на Манчестер, кое подоцна вечерва, ќе покаже дали таа разлика ќе се промени.
Откако направи неколку неочекувани ротации во текот на неделата кои се покажаа како повеќе од успешни, менаџерот на тимот од Мерсисајд, Јирген Клоп денес направи седум целосни промени.
Во вториот дел, Германецот му даде шанса на 18-годишниот Куртис Џонс да го направи своето деби во ПЛ. Сепак, тоа не влијаеше на „црвените” на кој било начин.
Напротив, две од резервите – Алекс Окслејд-Чемберлен (35′) и Наби Кеита (44′), на гостите им донесоа убава предност по првото полувреме, а Мохамед Салах (54′) ги докрајчи „црешите” по асистенцијата токму на Кеита.
За Ливерпул, кој ја оствари својата седма последователна победа во Премиер лигата, ова е прва чиста мрежа од крајот на септември.
Серијата победи ја продолжи и Тотенхем под водство на Жозе Мурињо.
Резултати од Премиер лигата:
Евертон – Челзи 3:1
Борнемут – Ливерпул 0:3
Тотенхем – Борнемут 5:0
Ватфорд – Кристал Палас 0:0