Есенската завеса во прволигашката фудбалска конкуренција е спуштена со комплетирањето на 18. коло, вториот круг од четирите во натпреварувачкиот систем, кое го одбелажа ремито во дерби-пресметката меѓу лутите ривали Вардар и Шкендија што заврши без победник 2:2 во Скопје.
Вардар и Шкендија по битката за врвот, најтрофејниот македонски тим остана осамен осум чекори пред актуелниот бранител на титулата Шкендија. Тетовските „црвено-црни“ имаа катастрофален почеток на сеозната, но во финишот по рокадите на клупата се разбудија и успејаа да се пробијат до втората позиција.
Интересно и ефикасно беше и во Тетово, каде се играше пресметка за бегство од дното, која на крајот со резултатски пресврт ја доби Ренова против Работнички (4:3). „Романтичарите“ иако имаа водство од 3:1 на крајот останаа со празни раце.
Резултати и стрелци
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 2:2
(Мицевски (п) 20., Адем 54-Имери 36.,65.)
РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 4:3
(Гафури (п) 27., Адеми 60.,Миовски 62., Р. Селмани 77 – Марковиќ 24., Петковски 37., 48.)
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:3
(Јусуфи 49., Јурина 90 – Паду 3., 40., 62.)
СТРУГА ТЛ – БОРЕЦ 1:1
(Тафе 60. – Коцев 46.)
ВЧЕРА:
СИЛЕКС – А.ПАНДЕВ 3:1
Табела: Вардар 36 бода, Шкендија 28, Академија Пандев 27, Силекс 27, Македонија ЃП 26 Струга ТЛ 24, Шкупи 22, Борец 20, ренова 19, Работнички 15.